И кога Крсто не ѝ се вратил од војната во Мала Азија, и тогаш ѝ читале дека тој, Ставрос, славно паднал во Али Веран за величието, за славата и честа на Големата Мајка Грција.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Вера почна да ѝ чита на Ели од книшката и да ѝ објаснува и јас по тоа разбрав дека нема намера скоро да си оди.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Виде отец Иларион дека љубовната болка силно ѝ ја разнебитила душата, ја разорила, и ѝ читаше молитви за да ја успокои, да ја оттргне од депресијата, за да може да се совземе, да ги оттргне мислите од тоа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А кога отиде да ѝ држи епитимија, таа го гледаше збунето, возбудено, не слушаше ништо што ѝ чита; му рече: Оче пред три дена сонив сон што ме мачи и што сакам да ти го кажам за да ми олесне.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ја чекавме дома да ѝ читаме, да ја испрашуваме и да ѝ напишеме „домашна“. Ѝ беше тешко, сигурно и срам, ама и другарчињата не беа студенти.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во очите ѝ читам разочарување.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Мојот еким, оној шејтан Ибраим-ага, ја мачкаше со масла, со ума, ѝ читаше од Коранот, ама кожата се збира.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- А, онаа Бреза, - се колнев, - само нека ми рече да ѝ читам и да ѝ раскажувам приказни ...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Потоа ќеркичката замолчува, ги собира цртежите, ги затвора тетратките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ги распостила пред неа, ѝ раскажува што има на цртежите, ѝ чита од тетратките, а Криста и натаму како да е проголтана од она во што гледа, а што никој друг не може да го види.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во очите ѝ читам разочарување.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Побара други книги и почна да ѝ чита.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Зеде од книгите на татко му и почна да ѝ чита.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)