Слушнавте? – викна кадијата и остро ги погледна сите врзани. – Инаку, ни глушец нема да остане во селово. – Аман, ефенди, аман бегу, аман ага, аман пашум – почнаа сите врзани да молат. – Аман, што сме должни ние да плаќаме за нашите дедовци и прадедовци – проговори сам попот. – Нема аман, нема аман бре ќерата!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
— Аман бег, зошчо е ваа работа? — изусти Куле и ја крена раката над глава да се заштити од камшикот, кој Адем го насочи кон неговата глава.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)