Толе Паша собират селаните да бркат нас од уќуматот и кашлата, а ти мене маслосуваш и тураш вода под рогузина. Му се наднесе над лицето, го фати за раменици и му се заѕури во очите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
АРСО: Со здравје и со добро, Стојанке! Е, бре чорбаџи Теодос, ја расплака сиромашката!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: Ами, не турам јас за атер во мојата уста од секаква рака!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
— Ела ваму, бре ќерата — му се врекна муљазимот на Илија, очигледно незадоволен што го буди и вознемирува во најслаткиот сон.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Кој тој сега шо тропат, бре чорбаџи Трајко?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Мислите, ние трева пасиме, бре чорбаџи Трајко?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)