море (изв.) - каков (зам.)

- Де, де! Изгледа си станал на лева нога. Овците небаре ти се раштркани и не ти се на број. -Море какви нозе, какви овци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А во малоазиската, кога нѐ подбраа Турците, море какво пеење...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Море каков куршум, велам јас, од каде куршум, чиј куршум, велам, и тогаш, дали од стравот, окото ми преигра.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Море каков дедо, каков прадедо, вечно ли ние овде ќе си ги кинеме трбушките да пренесуваме товари”, викаа луѓето и опкршуваа околу куќата и гледаа од кое ќоше да почнат, кој камен првин да го тргнат, од кај да загризат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)