— Море ми, оти да не игра, кога му е добра мисла?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Доста дојде. Кога ја виде дедот Петко, изненаден заблеа: — Море ми, ваа ли е, или а смени со некоа, бре Ило?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И со една блажена насмевка процеди преку заби: — Море ми, какво е тоа кучило волку шо ме шмачи, сестрице Митро, дете или чупе — чумата да го вркне?!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Море ми, да ве пушчиме, токо којзнае дали сте за вера; да не ни донесете некоа беља, оти едвај истераме едни силници, сакаа да не изгазат преѓеска.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Море ми шо мисли! Шо мислеше понапред, тоа мисли и сега.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Море ми, добровечер, побратиме! (макар да не е уште ни пладнина!).
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— „Море ми, кога а иска, слепелнику?“ — му вела јас, a тој се насмевна и ми чини со ишерет: „види, види шо има во неа, та не питај кога су а искал!“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Море ми, како ти текна и воа да го направиш златна, Доле? — праша со восхитеност Доста Макрева и ја фати за врат небарем ќе ја избакне.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Море ми кој, Толе!... Кој е тој шо ќе си а клава главата в торба?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ами ти каде вака си се накренал? — праша Андон. — Море ми, каде... Ете и јас излегу од зимата, како гушчеричките.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море ми, шо направи, синко, оти го напади агата, ќе не јаде тој пес Адем! — почна да се тапка мајка му.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море ми, шо има јас да реча, Мишо. Тој ти е стопан засега; сакаш — неќиш ќе го слушаш — одговори Толе со туѓа уста.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море ми кај си, свети Јоване, шо те нема волку време? — го праша руса Миша и веќе му подава столче и му ја зема торбата од рамото, во која Толе ги донесе и за неа подароците како за Проќа во Ал-Шари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Марко се реши. Некој мора да почне: — Море ми не стра, ами не?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море ми, лели пусти свети Јовани беме, Толе, дали не му грешиме на господ ноќеска, — небарем се покаја Миша кога се осамна утрото и кога се виде дека лежи на Толевата десна рака.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)