Но, глувчето Цивко се плашеше, на пример, од некое празно истркалано кутиче, од орев, - море и од самата лушпа од оревот...и постојано се слушаше неговото пискање - цив-цив.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
- Не зедоа како големи, ама таму, во Преспа, кога излеговме така убави униформи, сѐ во ново, море и чевли, и чорапи, та и кошули и ремени и автомати ганц, знаете, со строев чекор, по четворица, само правот – пуф, пуф под нашите нозе.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дедот Петко тргна од пагурчето, Митра напече месо, извади и сирење, море и некоја колбаса пресече во тукот. Јатрва дочекува, не е шега работа!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Има време, стопанкаму, ќе стигнеме дома, море и свадба ќе направиме, и ќе се напиеме.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)