Кај нас за Германците е познат синонимот - Шваби. Меѓутоа, сите Германци не се Шваби, како на пример оние од Саксонија или од Хамбург.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Германците не се мешаат многу со народот. Само кога треба да купат јајца.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
За среќа Германците не погледнаа внатре.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)