Можеби, најпосле, ќе го експлоатираат Србите сето речено за изменувањето на нашето национално име за да докажат дека Македонците никогаш немале национално самосознание и не играле никаква самостојна историска улога, ами влегувале само како суров материјал во државниот организам на бугарската или на српската држава. 153 Меѓу другото, такви недоразбирања можат да се очекуваат, како од тоа што јас категорички ја осудив бугарската политика по македонската прашање, од кое можат да помислат дека јас сум бугарофоб и србофил, и со таа и од експлоататорската тактика на балканските Словени во македонското прашање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
131. Други историчари, особено лингвисти /јазикознајци/ тврдат оти сите јужни Словени во времето на своето преселување на Балканскиот Полуостров зборувале на разни дијалекти /наречја/ од еден јазик и сите се викале со едно општо име: Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И така, првото нешто што ќе треба македонската интелигенција да го извојува тоа е: отстранувањето на недовербата меѓу интелигенцијата со разно национално и религиозно образование; обединувањето на таа интелигенција како во самата Македонија така и зад нејзините граници; заедничкото опсудување на општите интереси на Македонците; отстранувањето на национално-религиозната омраза; воспитувањето на Македонските Словени во чисто македонски национален дух; задолжителното изучување на македонскиот јазик и литература во средно-учебните установи во градовите со словенско население; обучувањето во селските училишта со словенско население на македонски јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Затоа изучувањето на таа задача и исполнувањето нејзино бараат учество на сите Македонски Словени во неа, без разлика на верска и национална боја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
45. И така, усилбите на македонската интелигенција и на народот треба да се обрнат кон националното обединување на Македонските Словени во едно цело и на обединување на интересите на сите македонски народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
140. Веројатно е печатна грешка и треба да стои VII век, бидејќи дури тогаш Словените во Македонија се конечно населени и образуваат посилни племенски сојузи за борба против Византија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Да имаше меѓу Словените во Македонија национално и религиозно единство и да имаше сознание за нив во жителството, досега наполовина ќе беше решено македонското прашање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Населувањето на Словените во Македонија се одвивало спонтано.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)