Србин (имн.) - се (зам.)

Пред налетот на бугарските војски Србите се повлекоа од Потковицата а заедно со нив, со Десимира, и Благуна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури во Второто српско во 1924-та на адреса на Јанческите стигна едно писмо од Белград, го донесе пошарот од Тополчани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Македонските наречја имаат пак свои оригинални особини, а бидејќи се наоѓаат во соседство со Србите се признаваат пак за не чисти од србизми.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Ете и јас Србин се викам, - рече Србин. - Лажете, - рече Љаке, - ама ќе преведам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Братучедите ги закопаа нозете тука на место и не мрдаат- Србин се тегави колку што може и не може, а Шишман како камен се вкопа во макадамот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Вистината е Српска или ја нема.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сѐ треба да се каже објективно и непристрасно: Србите се недолжни жртви на „новиот светски поредок“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие, лингвистички, повеќе се разликуваат од Србите отколку што Србите се разликуваат од Хрватите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сепак, Македонците не се хомогена нација. Македонските Словени, најголемата етничка група, претставува одвај 30% од целокупното население.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А сега Србинчињата се смеат, ни враќаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)