Автобус ко од филм, црвен и звучен, старицо ме гледаш со сините расеани очи, така се родив- едно црно, друго зелено око; Не гледам низ прозор, небаре Лондон го знаев од дете гледам до прозорот девојка со тен потемен од мојот плетенка од црната коса и за инает низ прозорот само гледа.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)