Оригиналниот интерфејс, значи несекојдневна тастатура, маус или џојстик, е важен стимулатор на естетската перцепција во смисла на продолжена осетливост и кај уметничкото дело/инсталација на Agnes Hegedus, Поглед со рака, за коешто софтверот го напиша истиот автор кој прави софтвер и за Shaw, Gideon May.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Посматрачот всушност се врти во реалното време и простор, истовремено пак со таа активност предизвикува некои потполно поинакви, преку компјутерските програми симулирани ефекти, коишто му овозможуваат влегување во паралелните простори и со тоа нивно испитување и населување.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Конечно, и Првиот завет не бил утврден без крв.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Песната е преобразено битие на нејзиниот автор кој самиот себеси се осмислува во - завет.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Само на Институтот за социологија постојат еден куп автори кои се толку многу величани , а се обично демагошко ѓубре.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Околу 50 % од литературата е дело на одбрани демагошки автори кои имаат напишано неколку дела, а нивните дела нема да најдат никогаш примена во практиката.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Особено на авторите кои повеќе не мораа катадневно да спорат, понекогаш дури и да се расправаат.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Така, размислата на академик Божин Павловски дали треба да се побрза со преведувањето на делата на Стојан Христов на македонски јазик, академик Блаже Конески, меѓу другото, му посочил на овој наш денешен деец исто така Македонец од Македонија и Македонец од македонската дијаспора: Кога се интересирав дали треба да се побрза со приопштувањето на македонските автори кои создале дела на други јазици, тој (Блаже Конески) ме охрабри со тврдењето дека се работи за творештво кое природно ќе си легне во нашите традиции.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Иако е дело на автор кој по професија е правник, актер и театролог, Календар е резултат на едно културолошко промислување кое открива личност со критичко-есеистички талент и препознатлив уметнички израз.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ги делев новинарските статии во кои беа наброени имиња на авторите кои со своите дела (не знам на кој начин) „ќе ја откријат душата на народот... ќе ја оформат свеста за тоа кој сме ние како народ“ (цитат од говорот на Старделов на промоцијата на првите десет тома).
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Така, светската театарска сцена би била преплавена од драматизации на славни книжевни дела, како што се: „Процес“ од Кафка, „Ана Карењина“ од Толстој, „Страдањата на младиот Вертер“ од Гете, а нашата, пак, од оригинални дела на автори кои одвај можат самите да се прочитат, разберат, а уште помалку да ја наведат публиката на тоа.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Многу од авторите кои сакаат своите творечки изјави да ги пласираат како постдрамски ќе кажат дека најдобро дело е она што не е напишано со зборови.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Имено, станува збор за некои имиња од списокот на авторите кои со свои дела партиципираат во 130-те томови на македонска книжевност.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Цел литерарен стил израсна од автори кои повеќе сакаат да работат во Kaffeehaus одошто дома.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тоа го следиме, некаде, од појавата на Украденото писмо на Едгар Алан По (1809–1849) и Шинел на Николај Василевич Гогољ (1809–1852), значи од првата половина на 19 век, преку расказите на неколкумина долговечни автори кои го одбележаа 20 век и кои се карактеристични за повеќе раскажувачки и стилски текови на 20 век.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Најмногу на авторите кои повеќе не мораа да спорат, дури да се расправаат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се работи, значи, за проза која е создавана со еден впечатливо самосвоен стил, за автор кој го нашол својот јазик во непосредниот контакт со изворите на својата проза.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Возможно ли е еден автор кој, како што веќе видовме, произлегува од една автентична говорна традиција, да учи толку интензивно и темелно кај други автори, особено кај оние што произлегуваат од една средина што не е, ниту духовно, ниту материјално, негова, иако е по многу белези блиска?
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Нарачката е единствениот начин на кој може да се стимулира финансиски неисплативата уметност на авторите кои доаѓаат во апсурдни ситуации: кога се етаблирани и ценети, а тоа нема никаков финансиски ефект туку напротив, тие постојано вложуваат во своите проекти кои често се поскапи од конвенционалното сликарство, а не се од продажен карактер.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во овој текст не се споменати имињата на ликовните автори кои активно творат и го претставуваат потенцијалот на ликовната сцена во Македонија од едноставна причина што тоа подразбира опсежно образложување на нивното место во таа структура, а јасно е дека во текстот се евидентира отсуството на една таква структура.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Бев дојден во родната земја во својство на писател, за да селектирам драма од албански автор која требаше да биде поставена во Албанскиот театар во Скопје.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Секој што ќе се обиде да напише барем еден ред му завидува на авторот кој се осмелил да го стори тој обид пред него.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Станува збор за книгите, вклучувајќи ги и споменатите Фрагменти од љубовниот дискурс, кои укажуваат на индикативното скршнување на опусот на почитуваниот автор кој со секоја од нив како с повеќе да се оддалечува од својата професорска, академска авторска фаза (што ја детерминираат неговите капитални истражувања на семиологијата), за постапно да се префрлува накај чистото задоволство во текстот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Меѓутоа, кога го читаме Чехов, забележуваме дека во сите ситуации во кои неговите драмски или прозни ликови комуницираат суштествено и вистински, изменувајќи ги автентичните чувства (а не само зборовите со кои тие чувства наводно се искажуваат или се опишуваат), не зборуваат за некои големи и важни нешта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Еден од најважните (вистински најважни, не само најкомерцијализирани, најексплоатирани, дури и најтривијализирани) несомнено е феноменот на љубовта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Еве неколку прецизности за емисијата за да бидеме начисто.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Прв ја прочита книгата Едгар Морен, па Робер Мале, некогашниот ректор на Сорбона (кому тогашниот претседател на Рерубликата Шарл де Гол, по познатите настани од 1968 му го доверува на управување најпознатиот француски универзитет, по една негова изјава дека на барањата на студентите не се одговара со сила) и на крајот Амин Малуф, мојот пријател и омилен автор кој веќе се беше здобил со Гонкуровата награда!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Има автори кои согоруваат во мисијата да пишуваат на јазикот на душата, кои не стиgнуваат да ја откријат целата азбука на овој јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И од обете страни, и од страната на заштитниците на мајчиниот јазик и од страната на заштитниците на другите јазици на кој пишував, имаше загрижени за чистите јазици и за с друго што не може да биде докрај чисто!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Јас им велев:
Јас никогаш досега не сум му пишувала на некој издавач (како што никогаш не сум му пишувала на некој автор), но затоа кога ќе се објави на француски јазик Балканскиот клуч (во Франција оваа книга се појави под наслов Le Rivage de lехilе, з.м.), ќе му напишам на главниот уредник на изданијата на Фајар за да му честитам и да му се заблагодарам за продолжувањето да придонесува да се открива еден автор кој не би требало првенствено да биде комерцијално порентабилен, (како што се вели вулгарно).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Откако бев поттикнат на таква творечка размисла врз романот Атеистички музеј, јас повторно сега се чувствувам повикан да го дообјаснувам романот Времето на козите, низ нејзината суптилна анализа, која донесуваше за мене нови интерпретативни вистини, наспроти познатите француски автори кои се искажаа и пишуваа за оваа книга (Ален Боске, Едгар Морен, Морис Друон, Ерик Фај, Жил Лапуж, Лоран Ковач и други).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Списокот на авторите кои со оваа тема отворија ново поглавје во уметноста е голем, но просторот што овде го имаме е премал за да може да ги опфати баш сите значајни имиња (а и ги има многу).
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
- Сум читал многу прогресивни руски автори кои го поддржуваат сталинистичкиот атеизам.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
„Слушај!“ му рече Трајче на авторот кој туку што имаше седнато на масата да вечера.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Верува дека нема да го пропушти, во тоа неговиот творечки дух насетува прикаска, но тој е автор кој, прво, пишува за свое задоволство и, второ, сака да си постави мамка на која ќе се фати за да може добро да влезе во играта и успешно да исплива од неа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Авторот ги забележува убавите дојки на Летка, напнати од надојденост, како што му се чини на авторот кој помислува тоа што не е за помислување.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Повремено фрлаше куси, дискретни погледи кон авторот кој знаеше дека овој се труди да види кој е натрапникот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)