Шаховската табла секогаш го чекаше, неговата маса во аголот беше секогаш резервирана; дури и кога местото беше полно, тој седеше сам покрај неа, затоа што никој не сакаше да биде виден како седи блиску до него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Рози си стави кафе во филџанот и почна да го пие на кујнската маса, која на аглите беше украсена со црвени цвеќиња.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Адресата во горниот лев агол беше од брат му Ташку кој живееше во Филаделфија, Пенсилванија.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Пред него беше една средена собичка три на три метра, во едниот агол беше дрвеното самоделско легло, во другиот гореше големата печка, над неа граот беше зоврен, до прозорецот беше масичката, а на ѕидот од дебели греди висеше неговата пушка, фенерчето и уште неколку листа хартија, од кои едно беше минатогодишен календар со ливчиња што се откинуваат секој ден, на кој стоеја сите ливчиња неоткинати.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во еден агол беше поставена шумската убавица - елката. Сета беше искитена, како невеста.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)