Тоа ме порази бидејќи пораката на Ема, јас бев убеден во тоа, беше јасна: моите скришни погледи кон нејзините колена додека ја претуравме муницијата, биле доловени од некој агол кој барем за миг ја скривал искрата за која обично стануваме свесни откако ќе пламне во оган што нè обзема и во кој влегуваме без да размислуваме за крајната цел и за смислата на таквиот чекор.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тогаш, во тие мигови, кога Богдан беше зад објективот, кога можеше да си мисли дека госпоѓа Мариела е на едната страна на светот (дека таа му припаѓа на еден свет), а тој на другата страна од светот (дека тој му припаѓа на друг свет), се раѓаше кај него прашањето за почетоците и мотивот на оваа епизода од животот во која, благодарение на жената (гола, раскошно убава, бавно растреперена во облините кои го исполнуваа просторот со таинствени содржини) што беше од другата страна на објективот, заборави дека тој живот може да биде празен и бесмислен, како што тоа често му се случуваше во тинејџерските години кога бараше спас од таа мисла во вбризгувањето со шприцот во некој агол од светот, или во светот на некој агол кој постоеше или не, или не мораше да постои, ниту тогаш, ниту сега.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)