агонија (имн.) - на (предл.)

Мораме да се бориме и против длабо­ кота привлечност која за нас ја има агонијата на капиталот, против инсценацијата на сопствената агонија која што ја приредува капиталот, а во која ние сме вистинските смртници.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Под неговата зашеметувачка светлина ги распаруваа стомаците на розовите риби од езерото, донесени да се изедат тука, како сеќавање на првите христијански симболи, тие далечни риби пред да се покаже крстот, тие анадолски агонии на одминатите векови сега беа само одѕвони на далечните спомени.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Се плашам од сопствениот одраз во огледалото, го гледам тоа што несакам да го видам, а тоа што сакам да го видам е од другата страна на стварноста, нејзината опачина е моето вистинско лице.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Времето се лизга низ моите нежни години, а се плашам од минатото, од просторот и времето застанати во еден миг, а секој миг претворен во слика насликана на платното на очајот која секоја вечер ме враќа на местото на злочинот, обоено со агонијата на немоќта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Немоќна пред агонијата на сопственото лудило очајнички се обидувам да се соочам со сопственото “Јас”, да го откријам стравот на сопствената душа, страв од солзите во очиве, од последната надеж дека во моето срце ќе пронајдам светлина и ќе се покаам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Моиве очи се клуч, а очите клучалница на вратата која ќе ја ослободи мојава заробена душа растргната помеѓу две сили.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За Правдољубивиот, опседнат со братоубиствената војна, сиромаштијата на државната благајна и постојаната закана на гордите азиски освојувачи, патрицијот припаѓаше на групата сестрани интелектуалци, но крајно немоќни пред непредвидливото тркало на историјата, кое во деновите на агонијата на Царството, сотираше со вртоглава брзина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Скулптурната маска на агонија на неговото лице не се стопи, но нова светлина дојде во неговите очи, а таа за неа беше како зрак сончева светлина што ветуваше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таква беше агонијата на генерацијата која сакаше да го овековечи своето владеење, обземена од несопирливиот макијавелистички синдром.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Настојуваше да биде верен следбеник на револуцијата на Ататурк во создавањето на нова Турција, да ја лаицизира својата земја, да го најде нејзиниот среќен излез во судирот на источната и западната цивилизација, агонијата на колонијализмот и правото за слобода и независност на својот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзината рака верно другарува со хартијата, пеејќи за родната Македонија, за Европа, за храброста и смртта на македонските херои, за кошмарот и агонијата на душевната болка, за Колумбо, за силата на љубовта, за верата христијанска ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Амам: промена на смислата Не кога ќе влезеш и кога ќе те заплисне врел и непроѕирен воздух не кога ќе те поклопат капките разлеани по ѕидовите реата, мермерот, мрморењето не кога ќе те обземе вртоглавица зашеметеност од празнината на амамот, полна пот, плот и пареа не кога ќе те погоди како отсјај во сон светлината подадена низ розетата дозирано, од високо не додека студеното сонце-иње од карши ги облагородува дрвјата, релјефите, порталите, фасадите на сараите туку кога ќе потонеш гола во гротлото ко крвава рожба во исцедокот од водолијата тукушто прсната, за да може да се слизне низ пенџерето на животот (на)право во царството на немилосрдноста кога збунетото тело ќе помисли дека секое друго место е подобро ама ќе остане и понатаму - таму без да се помести кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување од секојдневието, од агонијата на распадот (целото е мислена именка, далечно минато) кога ќе се престориш течен заборав божји благослов и ќе му се предадеш на телото мислејќи си ѝ се предал на психата егзотичното прелевање на смислата сѐ додека не се претвориш во прелив како таков кога ќе се испреплетат значењата едни со други и ќе се испретурат во кошницата на светогледот а ти ќе тргнеш во потрага по почетокот кога ќе сфатиш - Бизант е капија во темните агли на памтењето цела епоха е втисната како анатолиска крпенка во обичните зборови од твојот мајчин јазик во интимата на јазикот и се спровира низ капијата кон одаите и спалните дома кајшто по извесно време по извесна стварност потеклото се заташкува сродството се изобличува јазикот има свои потреби како и телото сфаќаш и тонеш во без-сознание зад јазикот, отаде нека почека ако те чека ... Истанбул, декември 2003
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но, овие обиди завршуваат безуспешно – по што кризата на ова претпријатие се продлабочува, а со тоа и агонијата на тамошните вработени чијашто егзистенција, нивна и на членовите на нивните потесни семејства кои ги издржуваат, е доведена во прашање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, како што одминуваше времето и овие бонови прекратија.2 Поради отворената можност за приватизација на оваа јавна радиодифузна единица од страна на еден, во тоа време, моќен локален бизнисмен – вработените, преку нивниот синдикат, започнуваат преговори за трансформација на радиото од јавно во приватно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)