Зошто токму нас, кога беше доволно само да го вклучат телевизорот и да видат стотина актери кои се толку педери да не им поверуваш на своите очи и нив никој не ги пипка.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Зошто токму нас, кога можеше да го запознаеш својот холивудски идол кој ќе ти раскаже како изгледа девојката од неговите соништа, а истовремено го држи својотqубовник под рака.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Нормално, Фектори имаше свои педери, па ние бевме во шоу бизнисот - а тоа е шоу Бизнис!
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Не е можно да постојат такви актери кои улогата на љубовта можат да ја изведат со такво совршенство.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Набљудував бучни лица на актери кои секогаш шифрирано и различно привлекуваа внимание.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Двата филма беа на француски јазик и во нив играше Молиеровата трупа, група француски актери кои пребегале во Англија.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Селзник се согласи, но уверен сум дека мислеше дека го сакам Дали заради рекламата што може тој да ни ја направи.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Колку и да не е овладеан од професијата мислам дека нема актер кој не би постапил како Ирвинг.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Најризична за театарот е групата во која спаѓаат актери кои свесно го избегнуваат својот удел во актерската игра.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
СВЕДОК Дојде еден актер кој, меѓу другото, добро е запознат со мојата почит кон музиката, поточно, правењето збирка од музички дискови и рече дека може да ми набави диск на кој ќе бидат наснимани сите песни со кои некогашна Југославија учествувала на Евросонгот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Пред само една година полицијата во Сан Франциско беше спремна да ги уапси членовите на Living Театрот само ако почнат да се соблекуваат, а сега одеднаш, на сите страни, имаше куп актери кои се соблекуваат и играат сосема голи на сцената и тоа во добро рекламирани претстави како „Ох! Калкута” и “Дионисиус во 69.”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Кападокискиот истражувач на болестите ги посочува меланхолијата и манијата како два пола на лудилото: “Меланхоликот се осамува, се плаши да не биде прогонет или затворен, се измачува со суеверни идеи, го мрази животот,” тој “го проколнува животот и ја посакува смртта”; оние, пак, кои не се обземени од меланхолија, туку од манија, се во неконтролирана фурија, возбуда или веселост, и во овие состојби може да се чувствуваат инспирирани за големи дела за кои немаат подлога да ги направат, или пак можат без некоја вистинска причина да убијат некого.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Неколку века подоцна, Аретаеус од Кападокија, во делото „За причините и знаците на болестите“ вели: „Пациентот може да замислува дека има земено друга форма од својата, некој верува дека е врапче, петел, или земјена ваза; друг дека е Бог, оратор или актер кој го држи жезлото на светот; некои плачат како новороденчиња и бараат да бидат држени в раце, или веруваат дека се зрно синап и постојано треперат од страв дека ќе бидат изедени од кокошка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)