акција (имн.) - кој (зам.)

Со промените кои се случиле во средината на 1943 година на воен и политички план во Македонија: формирањето на ЦК на КПМ, оперативните зони и формирањето на слободни територии, а посебно успешно изведените оружени акции кои биле преземени на територијата на Првата оперативна зона, во британското Министерство за надворешни работи почнале да пристигнуваат извештаи во кои се зборувало за “појава на македонските оружени партизански групи“.81 Таа информација за британскиот политички врв претставувала изненадување бидејќи дотогаш Британците не калкулирале со Македонија како фактор кој по војната би можел да биде самостоен и би претставувал субјект во политиката на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Татко имаше во себе резерви духовна енергија за акција која му претстоеше со Камилски, да ги ослободат зборовите од опасните османизми и да ја направат замислената листа, на почетокот составена, барем од стотина најпроблематични зборови, чие значење конечно беше исчезнато или во тек на исчезнување и немаше смисла и натаму да останат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во дискусијата што следува, поради просторната ограниченост, ќе се концентрирам главно на оние прашања кои повторно воведуваат и генерираат алтернативни историски нивоа, значи, тие прашања се историзација на “посебните излези”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Некои прашања од нивото на акција кои се ориентирани кон иднината ќе бидат опишани во примерите што ќе ги презентирам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сексуална девијација во која главното сексуално задоволство и уживање произлегува од изложувањето на гениталиите пред личност од спротивниот пол. (ICD-9-CM)
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дефиницијата од речникот е речиси иста но ниедна од овие дефиниции не ни го понудува она за што зборуваат клиентите; т.е., клиентите велат дека на разголување ги гони некаква присила: неможност да се одолее на импулс, нагон, или искушение да се изведе некоја акција која ќе ѝ наштети на индивидуата или на другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Забраната на дроги доведува до огромен број убиства и кражби во големите градови затоа што создава црн пазар на кој завојуваните дилери им наметнуваат сѐ поголеми цени на уживателите, кои пак од своја страна крадат за да можат да ги задоволат своите навики.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со неа се поттикнува криминалот и во другите земји, доведува до појава на мафијашки организации, па дури и терористички акции кои ја загрозуваат нестабилната цивилна власт во сиромашните земји.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
ЗТПОК од 1993 година го регулира и начинот на кој интерните акции издадени според ЗОК од 1989 година се трансформираат во обични акции. Имено, оние интерни акции кои се издадени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сега, сите акции кои ги издава претпријатието се обични, со тоа што ЗТПОК вклучи одредби во кои се предвиде можност за купување на акции под повластени услови, а која можност им се дава на работниците вработени во претпријатието, на лица кои претходно работеле во претпријатието и на пензионираните работници од тоа претпријатие (чл. 25).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Беа укинати и интерните акции (дефинирани како акции кои се издаваат со попуст и кои не може да се наоѓаат во промет на пазарот на хартии од вредност), а кои можеа да ги купат работниците вработени во претпријатието, пензионираните лица и лицата кои претходно биле вработени најмалку две години во тоа претпријатие, други домашни физички лица и организациите за пензиско и инвалидско осигурување (чл. 1a, ЗДК/89).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
154 според ЗОК, а кои се платени со пари, добиваат својство на обични акции (чл. 109), додека за интерните акции кои се издадени според ЗОК и кои се платени со интерни акции издадени согласно со Законот за исплата на личните доходи, на средствата за непосредна заедничка потрошувачка и средствата за исхрана на работниците во текот на работата од 1990 година 6, предвидени се два начини на кои тие се трансформираат во обични акции.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Прашање: Како? Одговор: Кристијан Волф во својот процес на компонирање воведе просторни акции кои се во расчекор со подоцна изведените временски акции.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Затоа Божиновски смета дека отказот намерно е даден по започнување на важење на новото законско решение, за да – на некој начин – тој биде „казнет“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По оваа несреќна околност, Божиновски се решава да ја тужи битолската експозитура на „Кјуби“ АД за осигурување и реоси- гурување, за неисплатениот „минат труд“ без да бара враќање на работното место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога компанијата „Кјуби“ дознава дека е тужена, го известува дека тој има акции кои, во негово име, биле купени од матичната компанија од Австралија (!?), и за да ги добие во валутна противвредност, треба да потпише Изјава – која му е понудена на потпис во август 2005, во која ќе стои дека сите права и обврски од компанијата се намирени и дека тој, како работник кој поседува акции, е согласен сумата што би му следувала од продажбата на овие акции да ја добие намалена, соодветно на 265 неговите „финансиски задолженија“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)