Само посакувам овие настани, наспроти сѐ, да претставуваат позитивна алка на една позитивна еволуција и да ви дадат нова смисла да продолжите да пишувате.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Најдов дебела гранка и напишав на неа „најубаво јадење за крокодили“.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Прстења имаше четири, со камења во разни бои и се мрдаа на коскестите прсти како алки на стап.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
За алките заковаа синџир од два метри должина, па тој синџир го врзаа за алката на наредниот и така со дваесет и шест метри синџир и тринаесет алки ги оковаа сите бунтовници на по два метра растојание еден од друг, да можат да одат на двојни редови.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И најчесто оваа потрага по идентитетот претставува индивидуален но не и колективен чин.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тоа е некоја посебна доба во која грдоста и убавината се искинати и измешани, потоа врзани како алки на синџир, доба кога на човекот, стиснат во лушпа на треска, му е сеедно дали е во окното на сонот или на јавето, или најпосле, лежи помеѓу нив како меѓа на која 'рти од коренот на минатото една сегашност, секако поинаква отколку што тој можел да ја замисли.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ко мечка да водат! Со алки на муцката, на јазикот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На алките на неговите уши заѕвечеа многуте клучови на државната каса, во која чуваа шарени стакла, скршени огледалца, празни конзервени кутии и еден скршен молив.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)