Левицата, впрочем, денес секаде ја игра таа улога: правдата на левицата повторно вдахнува со некоја идеја за правда, некое барање за логика и општествен морал, еден гнил апарат кој се распаѓа, кој ја губи секоја свест за својата легитимност и скоро самиот од себеси се откажува од функционирање.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Нејзините тенки нозе, оклопени со металните апарати кои ги придржуваа, изгледаа кревко како стебленца од растение раснето во мртва сенка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сара започна да ги ослободува нозете од апаратите, ги отвори кај глуждовите, па кај листовите, кај колената, кај натколениците, кај бутовите, и потоа ги остави на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)