аргумент (имн.) - кој (зам.)

Што не мислите нас Сливовчаните? Подолу ли нè држите од Црвеноводците? - и после следеа аргументи кои што јасно говореа да не се „подолу" од другите села: толку и толку партизани излегле од нивното село, голку и толку храна собрале, толку чорапи, опинци итн. итн.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Камилски како да сакаше со овој проект да го привлече вниманието на властите кои ја продолжуваа традицијата на искоренувањето на османското и турското од балканските војни, во текот на целиот XX век, но, секако, дека тој си имаше свои различни аргументи кои сакаше да ги сподели со Татко, когошто го сметаше за голем авторитет по ова прашање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се тешев со семожни аргументи кои припаѓаа на други времиња и контексти, но не може да се сметаат како дипломатски парадигми!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бендоу го наведува неодамнешното намалување на потрошувачката на алкохолните пијалоци, за да нè убеди дека легализацијата нужно не ја зголемува потрошувачката. Меѓутоа, овој аргумент не е оддржлив поради тоа што потрошувачката на алкохол драстично порасна по легализацијата, а почна да опаѓа дури во почетокот на осумдесеттите години. Тоа што за воведување на прохибицијата веќе никој не се залага, не би смеело да се толкува како аргумент кој би одел во прилог на тезата дека легализацијата не би ја зголемила потрошувачката на крек или метамфетамин.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поради тоа не е тешко да се предвидат сличните последици што би ги предизвикала зголемената потрошувачка на разните видови јаки дроги како што се крек и метамфетамин или послабите ПЦП, а да не зборуваме за неизбежната појава на нови дроги кои во случај на легализација би можеле да ги развиваат приватните фармацевтски фирми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се присети и на онаа приказна од светите книги во која судијата ќе пресуди детето (за кое секоја од двете мајки тврдеше дека е нејзино) да биде располовено на еднакви делови бидејќи немал доволно аргументи која е вистинската мајка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)