барање (имн.) - начин (имн.)

Британското напуштање на балканскиот простор пред Министерството за надворешни работи на Велика Британија го поставило прашањето од барање начини за повторно враќање на Балканот, сметајќи го него за своја интересна сфера.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тоа резултирало со потпишување на договорот во Плака (29 февруари 1944).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во Грција, во текот на 1944-та продолжила политиката на ЕАМ за спогодување со силите на емигрантската влада во барањето начини за т.н. политичко единство.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во барањето начини за заштита на своите интереси, Британците од своја страна сметале дека со формирањето на една "унија од сите балкански држави, сојузнички и непријателски, и со вклучување на Турција во федералната држава, би се решиле балканските проблеми".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, во новонастанатата констелација на силите на Балканот, кога советската армија се наоѓала во Романија, Бугарија и во еден дел на Југославија, британскиот политички врв сметал дека е беспредметно да заговара една таква заедничка федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За таа цел биле ангажирани сите достапни британски агенти на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Самиот факт што Британците трпеле порази речиси на сите фронтови било мотив повеќе да започнат да размислуваат за барање начини како би можеле да ги „мотивираат“ балканските држави истите со заеднички сили да му се спротивстават на германскиот „блицкриг“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, тие биле сосема свесни дека меѓу балканските држави имало голем број национални и територијални нерешени прашања, кои во историјата секогаш биле користени од големите сили, играјќи на картата "раздели па владеј".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, со тоа не престанале активностите на СОЕ во барањето начини како да се олесни германскиот воен притисок на Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од барање начини како да се изрази црнилото на душата а да не се падне во истите замки, ова е тоа а тоа е ова ит.н.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)