109 На 19 декември 1943 година е формиран баталјонот “Христо Ботев“ како трет баталјон на Третата оперативна зона откако првата воена единица на бугарската окупаторска армија од 60 војници од бугарската гранична посада во с. Коњско, кои по долга политичка работа од страна на партиските активисти на КП од теренот со нивниот командат Дичо Петров преминаа на страната на единицитите на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
После се приклучивме кон баталјонот на Гоче4 што дејствуваше на линијата Лерин-Корча, и есента се префрливме во Вардарска Македонија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На овие сили треба да се додадат девет баталјони на националната гарда, поголем број единици на жандармеријата и територијалната одбрана, а да не зборувам за военото воздухопловство, тенковите и борните коли што на сите нам добро ни е познато... за жал, ги немаме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)