Европската јагула ја продолжуваше својата прастара фуга на вечниот бег кој ѝ претходеше на појавата на човекот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во очај, по безуспешното лекување на оџите и бајачките, кришум, по првиот мрак, бил повикан еднаш и попот Вртипоп, поточно бил извлечен пијан од туѓа плевна од двајца слуги на бегот кои сепак можеле да видат во сувата слама две недоволно сокриени женски нозе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Кога поминатата ноќ во она село те праша бегот кој ти ја дал пушката, ти покажа на домаќинот. Не знаел турски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Всушност, не ја сфаќал расправијата. Онисифор Проказник воздивнувајќи чучнал и самиот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Момците одговараа: на Асан-бег од Ерековци, на Селим-бег од Коњари, на Суљо-бег од Рувци, на Муарема, Фазли, Фета, Даута, Сефедина, Мамут-бега од Дедебалци, Шелеверци, Алданци, Букри, Егри, Бач, Брод, Новаци итн. и им ја кажуваа и цената на стоката која стопаните – бегови беа ја определиле, а исто така им ги покажаа и самите бегови кои седеа во блиското кафе водеа пријатни разговори.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)