Во времето на второто попување на Зафир Јосков, инаку поради непостојаноста или поради некое растение со кое лекувал наречен Вртипоп, на молчалив прилепски бег му се разболеле наеднаш двајца синови, едниот од тешка треска, другиот од оглушување на едното уво, првиот близу до смртта, во брзо сушење и во агонија, вториот споулавен од болки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Нејсе. Кој и да беше, тој имаше оди ми дојди ми со турските власти, а нашиот бег му беше и близок роднина на кајмакамот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)