бег (имн.) - ќе (чест.)

Згора на тоа, по некој ден, од кулата во Небиље втаса абер оти бегот ќе го носи валијата на лов во нашата планина на ското наше требаше да даде триесетина души на терачи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А ако го припокриеме со земја? - Мислиш... арамијана, нели? Гревота е, а? - Гревота ќе биде ако го оставиме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Паметам, беше четврток спроти петок кога од Небије дојде аберот оти утредента, во петокот, бегот ќе го носи валијата на лов во планината над нашето село.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Не само селото што ни беше планинско што не може да биде попланинско, туку и она малку поле што беше околу селото, беше беговско, луѓето го работеа наполу, тие на кои бегот ќе сакаше да им даде земја да работат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Беговите ќе го најдат, потоа ќе ни побараат сметка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)