бездна (имн.) - кој (зам.)

Во домот на брат ми нѐ пречека Марта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Станувам свесна дека ако набргу не најдам начин да ја сменам положбата, ќе пропаднам во бездната која нема крај. Нема дно, темно е.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како некаква бездна да зјаеше помеѓу оние наши животи некогаш, и овие постоења сега; бездна која ги помируваше некогаш и сега, проголтувајќи ги во себе горчината и омразата, оставајќи само тапа помирливост и густо молчење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Онаа нема и неподвижна Клара која ја видов пред десетина години, беше истата онаа Клара што ја среќавав пред тоа кога одеше со малите Густави по Виена, Клара со која живеев заедно во Гнездо, Клара која ја запознав години пред тоа, кога животот се отвораше пред нас и ветуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Се сеќаваш на мене?“, ме праша. Се сеќавав, иако Клара која ја познавав и Клара која сега стоеше пред мене беа две различни жени, а помеѓу нив зјаеше онаа бездна која го разделува брегот на лудилото од брегот на нормалноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)