Но катанарите не успеваа да го спречат да се мушне и да направи вистинско безредие во нејзината глава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Види, види какво безредие во плакарот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Вистина е дека на Балканот важи библиското вавилонско проклетство да се слезе на земјата да се предизвика безредие во заедничкиот јазик за да се спречат луѓето да се разберат едни со други!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Знаев дека сега ќе почне да ги разместува моите пластични војници и дека ќе направи страшно безредие во собата, ама немав намера да ја спречувам.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Уште во почетокот на април 1903 година, дваесетина дена пред атентатите, грчкиот конзул во Солун Евгенијадис го известува министерот за надворешни работи во Атина за гласовите што се шират во градот дека по неколку дена ќе бидат предизвикани безредија во македонската престолнина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сепак Арсо Арнаутче можел да го види Лесново и низ метежот на сеќавањата. Тогаш и уште повеќе подоцна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)