Ќе им испеат ли песни за да останат низ песните во споменот на потомците или само камен поцврсто ќе заријат в земја или со кама и штик подлабоко ќе изрежат белег во стебло?...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Втисни белег во нутрините на нејзината мекост.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Остави ме, меѓу нас е граница, слушам глас и сепак знам дека тоа сум го рекол во себе - капакот со срмен укит не се поткренал, нема ни да се спушти, и веќе не го знам јас ни крајот ни староста на облеката, црна и свечена, пресмртничка, секаква и никаква: ни облакот во длабочината на изминатите ноќи нема боја и нема цел и белег во сеќавањето.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А запаметено е и по тоа што зад себе има оставено трајни белези во македонското опстојување и во граѓанската, а и по тоа дека во тукашното училиште, како и во онаа во селото Герман, во ноември 1947 година, во воени услови, беше отворен првиот курс за македонски учители.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сето тоа се лизгаше некако покрај Отец Симеон не оставајќи никакви белези во неговата свест несигурна да го дешифрира недалечното бревтање на некоја локомотива.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)