Мешајќи ги занесните преносители на сексуалното идолопоклонство со едно одвоено, речиси клиничко вреднување на убавината, геј-мажите остваруваат некој вид беспристрасност во односот кон еротските предмети што им го приближува доживувањето на сексуалната желба до доживување на чисто естетско созерцание.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Екстатичната практика на еротскиот восхит, во комбинација со очајот по сексуално задоволство, создава посебен однос кон предметите по кои се копнее што е карактеристичен за машката геј-култура: однос на страсно, но оддалечено созерцание, кое истовремено е и критичко и идеалистичко.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)