Не може да си објасни како на овој албански емигрант, со библиотека која може рамноправно да се споредува со неговата, му ја подари својата доверба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но тоа бил само маргинален исклучок, кој не го потврдуваше инквизициското правило да се уништуваат библиотеки кои го заматуваа здравиот ум, ги дестабилизираа читателите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Му говорел во солзи за неколку запалени книги од една мадридска библиотека кои биле со изгорени корици, но со спасено срце.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски, откако му наздрави на Татко да му биде долг животот и вечни книгите, мигум побара да ја види библиотеката која, всушност, почнуваше од ѕидовите на чардакот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Додека чекаше нова карта или по делењето, се загледуваше во трите ѕидови на чардакот, делови на Татковата библиотека која завршуваше во неговата работна соба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имаше тишини во татковата библиотека кои се слушаа меѓу себе.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оваа тишина можеше да се заслужи само со тивката молитва на читањето, во молитвата на тишината.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко ми замислено погледна во редот книги од библиотеката кои се однесуваа на балканските империи, па возвишено, небаре заборавајќи на прашањето од Чанга, продолжи: – Ние луѓето, пријателе мој Чанга, ти имавме со козите, со домашните животни од дамни времиња еден заеднички сон.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Повторно се појавува познатата амблемска фигура на Таткото, сопственикот на древната библиотека која ги олицетворува мудроста и меморијата, искуството и историјата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Додека се обидувам, осмиот месец од
оваа година, MCMLXXX
достоинствено да го започнам писмово до тебе
ја откопчувам душата како елек
и шаторот твој го распнувам сосема
меѓу вториот и дваесеттиот век
резот е доволно длабок и горешт
светлината да се прекрши и одбие
твојот профил да се обликува појасно
макар и ништо да не не објаснува:
ни империјата, ни мемоарите
ни градот што го подигнав во мислата променлива
- еден град повеќе во Елада, љубената
ниту слободата повеќе од власта што ја сакаше
и Latio не, ни кованите пекунии
со ликот на Антиној, обожаваниот
Humanitas Felicitas Libertas
ниту твојата библиотека која се обновува
лека-полека по светот
ниту противниците, не ни жените не
ни смртта твоја и на твоите современици
и коњот не, и знакот на небото
и мачката со боја на пустина, мед и сонце
(според описот на Јурсенар)
ни патувањата, ни пророштвата
не, не, не, во право си кога се сомневаш
во смртта, кога му се предаваш
на Допирот-Убавината-Сласта
како на Смисла
зашто, поместувајќи ги границите
на крвта, плотта, идејата
животот пренесувајќи го
од една метафора на друга
го одложи толку многу
што остана и за нас!
________________________
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Само тој сметаше дека Дон Кихот не успеал да го најде излезот кон светот затоа што не успеал да го открие вистинскиот распоред на книгите во својата библиотека кои водат кон вистинскиот излез.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)