Ги замислував сите мои најблиски суштества, пријателите и сите оние што ги познавав, и постојано низ главата ми минуваше сè она за што со нив би сакал да зборувам (и си префрлував себеси зошто за тоа не зборував со нив додека бевме на слобода), но не само тоа: си замислував како се потам во купатилото, како се шетам по кејот, како спијам во постела облечен во својата пижама, како јадам бифтек во овој или оној ресторан, пијам коктел или се засладувам со торта со шлаг, печам пиле и подготвувам од него сос, притоа си потпивнувам бело вино и слушам секаква музика, лежам во тревата и се сончам, го пијам своето утринско кафе, ги посетувам галериите и кафеаните, гледам добри филмови и влегувам во ателјеата на своите пријатели...
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ги замислував сите мои најблиски суштества, пријателите и сите оние што ги познавав, и постојано низ главата ми минуваше сè она за што со нив би сакал да зборувам (и си префрлував себеси зошто за тоа не зборував со нив додека бевме на слобода), но не само тоа: си замислував како се потам во купатлото, како се шетам по кејот, како спијам во постела облечен во својата пижама, како јадам бифтек во овој или оној ресторан, пијам коктел или се засладувам со торта со шлаг, печам пиле и подготвувам од него сос, притоа си потпивнувам бело вино и слушам секаква музика, лежам во тревата и се сончам, го пијам своето утринско кафе, ги посетувам галериите и кафеаните, гледам добри филмови, влегувам во ателјеата на своите пријатели… и така натаму.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Потоа отидовме на аргентински бифтек во „Карлитос Гардел“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
2) А сега да ти напишам неколку збора за нешто сосем друго: утврдив дека за време на подолг престој во затворот на чувствителните луѓе им се заканува опасност да станат огорчени непријатели, да почнат да го мразат сиот свет, отапуваат, ги обзема резигнација и стануваат премногу себични.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)