Јас појдов по тој пат, ве поведов и сите вас. Само Бог знае дали сѐ ќе излезе на арно?!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„И ти, сине, имаш право што заминуваш, а и тој има право што останува! Бог знае кај ни е спасот!”
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
2. Генерално, не бевме бог знае каков расадник за фудбалски кадри.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Додуша човек има време за размислување, но и тоа не е бог знае како пријатно.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тогаш задишано дотрчал курирот од соседната чета и на командантот вака му рапортирал: „Војниците од непријателот, Бог знае од што и зошто, во еден миг се кренаа од рововите, од скрките и доловите, ги фрлија пушките и патроните, мините и ракетите, ножовите и бајонетите и со стихови кренаа кон нас.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Дури сега бев вистински вратен од враќањето во родната земја. Само Бог знае од каде и како?!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)