И само стоевме така едно до друго. Другите деца околу нас скокаа на една нога, си подаваа топка, прескокнуваа јаже, се бркаа околу дрвјата, а Рајнер и јас стоевме, јас гледав во него, а неговиот поглед понекогаш за миг паѓаше на мене, а потоа пак бегаше во празното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Бевме деца и бевме во времето на првата болка; нашите болки се сретнаа, и можеби затоа си станавме толку блиски, блиски како раната и мелемот, поблиски отколку што би биле две весели деца, затоа што болката најсилно врзува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Виде отец Иларион дека љубовната болка силно ѝ ја разнебитила душата, ја разорила, и ѝ читаше молитви за да ја успокои, да ја оттргне од депресијата, за да може да се совземе, да ги оттргне мислите од тоа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)