Сонот беше исто така опфатен - во извесна смисла и содржан - во едно движење на раката што го направи мајка му, а го повтори триесет години подоцна онаа Еврејка што ја беше видел во филмскиот журнал, додека се обидуваше да го заштити детенцето од куршумите, пред да бидат и двајцата разнесени на парчиња од бомбите фрлени од хеликоптерите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сметката што си ја направил Кирков била проста: само четворица гемиџии со по една бомба фрлена во поворката што го придружувала телото на убиениот конзул на Европа и на Турција можеле да им направат далеку поголема штета отколку минирањето на Банката и другите динамитни акции.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)