Во радиограмата тој посебно ќе истакне: “најпосле преминуваме во напад“.191 Меѓутоа, во овој период основниот проблем ќе се појави со опремувањето на големиот број нови борци кои почнале да пристигнуваат во единиците на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во текот на еден час ќе формирам една чета од борци кои ќе ги земам од колоната и ќе ти ја пратат, на помош.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тука пред сѐ спаѓаат лешинарите пензионери кои имаат по 70 години, а вредно се бореле у другиот Светски рат тастирајќи ги вистинските борци кои воедно и загинале, а за тоа биле наградени од државата со нивните борилачки пензии кои изнесуваат колку 2 просечни плати.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тоа е војување со ограничени цели, меѓу борци кои не можат меѓусебно да се уништат, кои немаат материјална причина за борба и кои не ги дели никаква суштинска идеолошка разлика.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Истовремено знаеше да се испрчи пред животот, дозволувајќи ми тој да ѝ удира шлаканици, но и да пројде низ него, како бестрашен борец кој напаѓа од страна, за да се одбегне ударот на противникот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Да останат живи, тоа значи да ја затемнат величината на своето дело и сопствениот морал на борци кои на смртта гледаат со полн презир.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И тие биле вешти борци кои живееле буквално во седлата од своите коњи.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Млад, убаво развиен и со црни како јаглен очи, младиот воин го заробил срцето на убавата, но наивна принцеза.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Така, борбите се воделе секојдневно и веројатно тврдината никогаш немала да падне ако не се случело предавство.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Сите борци кои го дадоа животот за Македонија тука ќе свратат, тука на наша врата ќе тропнат, и со мртвечки раце згрчени во сонот, ќе ги угушат чедата нивни, ќе ги опакостат.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Имаше голем снег, па се враќаа назад заедно со нас.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
По патот наоѓавме смрзнати борци кои не можеа да одат, па нашите борци им помагаа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)