И само тие знаеле дека во жолчката на секое стото воле од овој свет може да се најде грутка по големина и по боја слична на жолтка од сварено гулабово јајце.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Подарениот појас под неговата бедна гуња се обвиваше избледен, по боја сличен на иловицата од урнатината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На овој старец, еве овој што оди кон мене, бегласно ја отвора устата и гледа со зелени очи, сиот зелен, по боја сличен на тесните клуи од гимназијата...
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Треварите, колку првиот црн толку вториот висок, се стиснале еден до друг, обајцата во мракот како еден, со една мисла во двоглавоста. - Жолтица, рекле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од тие дрвја се одбивале секирите на дрварите и се кршело железото, од плитко засечената кора се цедел сок по густина и бледомедена боја сличен на коскена срцевина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сепак тоа можев да го мислам јас: пред дрвото ариш или тиса или криптомерија, се протегаше река, сива и зелена, и бездруго плитка, од нејзината посланост ѕиркаа камења по мазност и боја слични на коски.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Затоа и трите букови стебла биле највисоки во шумата на која никој немал тапија, ни везир ни валија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нишна со главата како да поздравува некого во далечина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)