боја (имн.) - и (сврз.)

На неа се наоѓаат и впишани податоци за бојата и облиците на одредени делови од лицето но и на телото бидејќи една стрелка на сликата упатува кон анусот на вонземјанинот којшто не го гледаме, но сепак не го пропуштаме како лајтмотив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така, оваа слика е некаков тип „омаж“ на полицискиот портретист којшто прави фото-робот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беше човек на околу шеесет и пет години, облечен во ново, со син костум на себе и вратоврска со еднододруго аплицирани јаворови лисја во силни бои и паларија со боја која наклонуваше кон кафеаво.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Славејко, мајсторот сликар и бојаџија, не само што ги шараше ѕидовите, туку неговиот талент одеше повисоко - знаеше да меша разни видови бои и со нив пресликуваше жени со пауни на рака, како што ги гледаше на старите американски разгледници пратени некогаш од некој печалбар од Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа на Константин З. му се допадна мерката на неговиот министер-претседател Филов, кога е донесен прописот за задолжително обележување на лицата од еврејски происход, кој налагаше, оние меѓу нив што се заслужни за него, да носат шестоаголни ѕвезди со бела боја и значително помали димензии, наместо покрупните и жолти наменети за обележување на останатите Евреи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Вистинската слобода отсекогаш била мултиколоритна и повеќе зависи од бојата а не и од кројката на фустаните.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Некои фустани, како оние на калуѓерките, само навидум се безбојни, а под нив како да се збрани сите бои и сите движења од деновите на карневалите во Венеција.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Над влезната порта венче од детски солзи му пркоси на законот на гравитацијата среде бело венче ѕвони бело ѕвонче бели коњи со распавтани бели сни и занданите имаат облик - бела ѕвезда бело насмеана со опашка од бела роза бели галежи на бела свила од првата ноќ до последната бела виделина бел садник од рози во срцето - осаменоста ја скорива љубовта гнетот го скорива гневот бело варосани ѕидови во нив светлината жртва заѕидана врела голтка запрена среде суво грло и смртта тука имала бела боја и многу сакала да гушка листиња од црвени рози.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тогаш ќе си дозволеше малку слобода, па на некој остаток од платно или картон, гребејќи по дното на празните кантички со бои и со некое зафрлено чкорлаво четкиче ќе измачкаше нешто за кое видно се беше потрудил да заличи на слика, но за туѓи очи уште беше неповрзана фантазмагорија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Прво ликовните експерти, со своите вперени погледи како телескопи и со долгите нокти на малите прсти остри како пинцети, почнаа да копкаат по слоевите бои и да пронаоѓаат по нешто на неговите платна: те однос на светлина и темнина ваква, те однос на бои ваков, а не таков, те потег од оној сликар, те композиција од овој, нанос не од четка туку од шпахла, па дури и елементи што не спаѓаат во сликарски бои ами во столарски отпадоци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие бои, во основа, како да го откриваат мотивот на песната, како да ја насочуваат мислата исклучиво кон прапростојбината на тагата во која до стрните до високото пладне кружи времето преобразено во илјадници бои и слики.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Исто како и светлината што ја гледав, а што беше и боја и музика и светлина едновремено. А сепак тоа беше Едно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Каде сѐ не прашувал каде може да се купи таков, жолт путер (каква чудна тавтологија, рече, но вистинита е, и неопходна да се опише токму тој путер); низ годините, по сите градови, по целиот свет, барал таков путер; путерот му станал опсесија, еден вид пасија; но никогаш и никаде не сретнал таква боја и таков мирис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Едно нешто видов, подобро е така да се каже и да се сочини слово едниствено; едно нешто видов: светлина, боја и музика, оти светлината е боја и музика едновремено, како што бојата е светлина и музика и како што музиката е светлина и боја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Друга светлина во него влегува и поинаква боја и смисла на буквите и зборовите им дава.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оти блажен е, среќен е оној кој ќе успее да ги спои светлината, бојата и музиката; блажен и среќен е оној што од папокот на жената љубена, од словото свое и од чашата вино ќе сотвори Едно, оти само тогаш ќе го најде, ќе го означи средето на светот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Три нешта видов: светлина, боја и музика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сламарица, мангал, стар можеби како и Адам, мало како детска играчка масиче претрупано со клешти, чеканчиња, клинци и конзервени кутии со боја и туткал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Лево и десно од автопатот многубројни хангари - фабрики во различни бои и на покривите знамињата на САД, Германија, Италија, Франција, Шпанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако народниот протест во верските и училишните работи, во кои општините треба да се признаат слободни, се покаже од заинтересираната пропаганда како бунт со државна боја и се бараат државни мерки против бунтовниците, тогаш народот и интелигенцијата треба да се обрнат кон конзулите, како кон арбитражни судии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А кога денот се прикраде пак во неговиот прозорец со онаа негова нерешителна виделина, во која будењето траеше долго, првото, што успеа да го открие, беше едно малечко, питомо главче, со две долги увца, кои по својата боја и по тоа како беа порастени многу потсетуваа на два листа од една мека тревка, што расте по висовите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На масата до нашата седнуваат двајца млади: таа во жолт костим и шешир во иста боја и сламена торба подврзана со шарена марама, а тој во спортски гакици, ама не во тон со неа!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше зима и дефилето, бундите што се движат како на модна писта, беше ретка глетка во тој дел на градот, каде се знаеше за лажна астраганка во црна боја и толку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да ѝ каже ли дека болката под третото ребро ја почувствува сега првпат со својата свест и дека сега знае: таа почнала порано, пред да го бараат низ нишан, порано од денот на гревот забременет со безброј нови гревови, секој со сета боја и свој звук.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сето ова како последица на една (кобајаги) иконокластичка постапка и на една (привидно) нечиста шега, го карактеризира L. H. O. O. Q. како парадигма за Duchamp-овите методи и начин на размислување. Apolinere Една година по доаѓањето во Њујорк, 1916, интересот на Duchamp го привлече една обична реклама од картон и обоен лим за емајлот на фирмата Sapolin.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ја доби Enameled во продавницата за бои и ја трансформира во едно од своите најзагадочни дела, Apo- linere Enameled, својот прв алегориски автопортрет, настанат две години пред L. H. O. O. Q. Duchamp врз ова парче обоен лим изведе три операции.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И почитуваниот Богдан Јанков имаше еден таков свој континент, делче на светот што само нему му припаѓа и за него е непроменлив: ја одржува мекоста за нечујно чекорење меѓу проѕирни габери, бресилки и дабови, и за негово лежење, детски, ничкум, со чело на синкав мов, под јата златоперки, или жолтавки, или саријасми, како што одамна со туѓ јазик се викале денес се сосема ретките и скоро заборавени преселни птици, по боја и по необичност блиски, поточно слични на парче сонце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Виножито од бои и широк мирисен спектар.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тука, на слобода, со илјади звуци, бои и желби.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Виде едно безредие на бои и предмети и се зачуди: зошто му се стори далечно, во правечност, едно мислење, кога тоа било сега, пред еден миг, пред да влезе, дека на секој акт закован е со печат по еден човек, нумерирано е по едно стебло, фатена е во челична закачка по една овца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Има чувство, знај да го најди вистинскио материјал, вистинската кожа, постава, боја и да ги направи чевлите онакви за нивниот сопственик да заборај дека воопшто ги носи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Младешки неоптоварените уметници на групата „Мост” се служеле со чисти бои и линии што го следеле моментниот импулс.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Малку ѝ се поврати бојата и изгледаше многу подобро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше некаква посебна мекост, како на дождовница, и во бојата и во текстурата на стаклото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Навапца петшест оки предено во разни бои и го обеси во дворот да се суши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На минување низ селото полковниците Жино и Бонети го побараа кметот и учителот да му кажат дека си заминуваат, а Стивенс отиде кај Аврам Сујак да ја купи кожата од мечката која пред некој ден ја виде и му се допадна: кожата по бојата и по светливото влакно личеше на онаа што ја бркаше по планината.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Обична слика а јас ја запомнив со сите нејзини бои и акорди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ништо. Само едно сивило над кое поминал пожарот на староста и ги изгорел боите и сигурните линии.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Веќе ти е платното в дланка и четката и боите и раката прв пат ја чувствува изненадата на непознатите трпки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
4. Наведната врз земјата Сончогледите го слушаат напевот на црната боја И темнеат усамени и голи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Така создадов необична и невообичаена сопоставеност од портокалова, тиркизна, скерлетно пламена и златно ореолска боја и ги насликав женствено оние чија аура е видима трите ангелски лица трите посланика на искушението и гласот дури го насликав: 'Не кревај рака врз чедото свое!' Така сите бои со сите облици во вид на жиг на Светиот Дух (ни мој, ни не-мој) ги втиснав на дрвена плоча, пресувана стрпливо и грамотно небаре испосник за да опстане со силата на пречистата мисла, оти и мислата е светлост, и топлина, и магнетизам, енергија - сѐ на сѐ! и заедно, во возвишен, а за Окото дофатлив облик, ги склопив!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Трчаа меѓу дрвјата, лизгајќи се и паѓајќи, се туркаа едно со друго, си играа криенка, но повеќето подмижуваа кон сонцето сѐ додека солзи не им потекуваа низ образите, ги испружаа рацете кон таа златна боја и неверојатното синило, вдишувајќи го свежиот воздух и без здив ја наслушнуваа тишината што се протегаше околу нив, како прекрасно море без звуци и движења.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А таму надвор беше вечната зима — голема, тешка винска преса што го смачкува безбојниот покрив на небото, го смачкува како грозје, цедејќи боја и смисла и сушност од секого и ги варди децата што на скии и санки полетуваат преку стаклестите брда кои го одразуваат тешкиот железен штит надвиснат над градот, секој ден и секоја ноќ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А тие... тие сиот живот го минале на Венера, и имале само две години кога сонцето последен пат изгреало, та одамна ја заборавиле и неговата боја и топлината и вистинскиот лик.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Овојпат првин го заобиколи телефонот, го зграпчи како да сакаше да го задуши гласот во слушалката, но на крајот, кога забележа како зглобовите на прстите ја губат бојата и стануваат бели, ја отфрли таа намера и ја подигна слушалката.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сонцето изгреа. Имаше огнена бронзена боја и беше многу големо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од долги проучувања и набљудувања, веќе имаше и свои заклучоци: ако ѕвездите од северната страна започнуваат како престоени цветови да венат губејќи ја бојата и сјајот, претскажува дека ќе фатат големи болести по луѓето: улери, дамли, трески, тифуси, офтики, чуми, бисерки, приштови, заушки; по ајваните: шапови, бутури, метили, лигавки, сараџи, красти, струпци; по кокошките: слепило, вртиум; по кучињата: беснило; по полето: каклици, жудилки, глутници, спарини, мемли, скувалки, пепелаш; по дрвјата: пајажини, гнилачки, имела, трат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Порешително од кога и да е, цврсто да застанеме на земја, да ги сублимираме животните вредности и да пронајдеме хармонија во душата и рамнотежа во просторот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Без каење тргнувам во потрага на неограничени прекрасни можности за живеење, исплетено со бои и мириси, како сонувач, талкач, скитник, живот без пауза, зошто секое погрешно застанување би било крај.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Треба да најдеме време да го обоиме сонот и животот, не црно бел, туку со сите колоритни бои и нијанси, Да си направиме свое интимно светилиште и да не дозволиме да ни биде украден сонот и животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мириси на диви костени во зима, расцветани липи и багреми во пролет, гриз од најцрвените цреши и плав хоризонт во лето, златна боја и мирис на зачини во есен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Затоа пијам многу сокови во мали голтки, јадам само малку од грозната храна на сестра Ката, се среќавам со Дејан на ѕитчето, а по полноќ кај мене во соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сината маичка си ја имаше изгубено првичната боја и повеќе личеше на апстрактно платно со огромни модри дамки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Витка, облечена во панталони без боја и исто таков џемпер, на ниски кожни мокасини.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Показатели при овој процес можат да бидат, на пример, дисконтинуитети во бојата и текстурата. okno.mk | Margina #3 [1994] 83
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Прстења имаше четири, со камења во разни бои и се мрдаа на коскестите прсти како алки на стап.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа беа неколку китки црвен божур, чии тешки глави ѕвонеа со бојата и пораките.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сонцето зајде, се нафати мракот, се стемни, езерото ги промени сите бои и најпосле остана со една чакната блескавост што зрачи студенило.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)