Љубомората налетуваше на мене со упоритоста и стихијата на разбеснети бранови кои ги рушат гранитните карпи и дробат на мали парчиња.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тоа, во миг ќе го растопеше ледот, ќе му ја заблажеше горчината во утробата, ќе ги смиреше брановите кои во секој момент му ја давеа душата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Уредно наредените саати по ѕидовите ме опкружија со својот непомешан здив што надираше како лелеава завеса, оттаму, одваму, во бранови кои се престигнуваа еден врз друг.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Со ковчестото мазно избричено лице, живите темни очи и пробелената коса залижана наназад, Лука Карер по ништо не се издвојуваше од многуте слични левантински физиономии.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Оттаму кон пристаништето забрзано се валкаа распенети бранови кои потем шумно удираа во камениот ѕид на молот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така, на пример, со славниот хрватски писател Мирослав Крлежа, со кого често играше шах на бродот, не ретко ги премослуваа идните потези од значење на опстанокот на Југославија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На моменти бродот ги пробиваше внатрешните бранови кои ги создаваа внатре напластените противречности.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но кој одеше не се врашташе назад; зашто дури да стигнит некој до неа, требаше да п'туват три дни се по ношна темнина, во која љуѓето се заскитвеха, и не можеха да се вратат на бел ден.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Заум, т.е. за ум направен.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
На тоа се кренаха високи бранови кои без малку ќе ја потопеха.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Раздвижен круг од вода, бран кој успешно ја криеше својата тајност, претворајќи се во тврда, или гасовита форма, преоѓајќи лесно и брзо од еден во друг вид, пред да може човечкото око да ја регистрира таа промена, која, пак, во зависност од притисокот и температурата на воздухот се трансформираше во дел од секундата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се судира со бранови кои поткреваат луѓе, настојува да ги заобиколи или да се префрли преку нив.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
3.
Разбирање и вера
Ти се чини како да ги разбираш
празните места во историјата
темните периоди кои страдаат
од недостаток на материјални
докази и сведоштва.
Како да го насетуваш
топлиот бран кој доаѓа
од задграничните
предели на раз-умот
кајшто расудувањето се слева
во едно
со верата.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
XXII Југот започна да ја најавува својата сила од кај езерото; дотогаш тоа со денови мирно - започна наеднаш да се прекрива со бранови кои нараснуваа и како чудовишта се нафрлуваа на помалите бранови голтајќи ги; во тоа јурење, излетуваа и на брегот и продолжуваа и понатаму да заплиснуваат, но завршуваа кобно удирајќи во карпите; грозен им беше урликот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)