Одненадеж народот врати со плач на плачојте како бран врз бран во брегот.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Откри ни некоја тајна, откри ги маргините на сурферските бранчиња во твојот полип од мозок, специјално за нашиот скалперски часопис?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Одамна отидоа химените... м Дејан, ова не е „Нова Македонија” или „Пулс”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Не ми требаат воопштувачки мудролии, вентилаторски бранови во базенот на мртовечницата кадешто го снимаме најновиот хит „ВО ДОЖДОТ” (работен наслов: ПОДМОРНИЦА 2).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ќориот го водел слепиот. човек што е секогаш во право, што не е способен, што не е доволно чувствителен да може да се почувствува повремено како гад, дефинитивно е гад. м Кажи ми, освен оние видливи влијанија - чернодрински, Горан Стефановски, разни жанровски обрасци собрани по Бе-филмови и палп-литература, и воопшто таа твоја чудна склоност кон експресија и натурализам - што има уште?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
„Овде е морето, под нозеве“. Удираа бранови во карпата. Што да се прави?
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Знаеше дека беше потребно само да не биде зачуван навикот пушката да се подигне толку бавно, за притоа да не биде предизвикано ни најмалечко бранче во воздухот наоколу, за да остане со празни очи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од таа скаменетост го освести црвенокосата, богата сончевина, што се плисна како некој плавен бран во неговиот прозорец, ослепувајќи го и во исто време носејќи му ја назад способноста да се исправи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Миризбата на јасминовите цутови, бојата на портоколавите и лимонови цветови, зреењето на калинките, играта на морските бранови во близината ме пренесуваа во еден свет на кој физички му припаѓав, но не и целосно емотивно, духовно.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Воздухот ја има таа предност што е лесно достапен; освен тоа ние имаме органи што, се чини, се направени посебно за обликување на воздушните бранови во симболи - нивно преобразување во “фонеми.” (Прашањето што произлегува од тука а се однесува на нејасната врска меѓу вродената и стекнатата информација мора да се одложи на страна: говорот, лингвистичката способност е вродена но секој одделен јазик мора да се стекне.) Но, воздушните бранови се неповолни затоа што се подложни на звуци коишто ја разложуваат информацијата што е складирана во нив.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Повеќе молчат и молкома им ја пренесуваат на рожбите светоста на Плаошник и миризбите на тревките од Галичица.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ги учат како се впиваат езерски бранови во палавите очиња за да не замижуваат, кога ќе пораснат, на секоја секавица.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)