бран (имн.) - и (сврз.)

А еден кораб со буре плови од бран до бран и не може да најде пристан зашто е без капетан.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Така, четворицата се пославме покрај езерото среде ноќта на звукот од музиката и немирните бранови и чекавме тој да ја отпакува книшката.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Те фрлив во светов сред лукави птици бистра вода, сенки, умилни песни на сирени бранови и бури, карпи, зрели и сочни жени.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
II Ти идеме со векови од дедовци од предеди пред твојот лик сонцето што го впил и славејот и бранот и навевот на снеговите.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Мирен е во бескрајот песочниот океан, но понекогаш бура ги крева правливите бранови и во нив Едип еден ден исчезна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не ќе го гледа школото во кое ги поминал првите одделенија, а пред кое сега шлапкаат брановите и, не ќе ги гледа редот високи тополи покрај потокот што се урива од планината. А брата си и на животе не повте да го види.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој одново усети дека се лулее на езерски бранови и клепките му се склопија, тешки како налеани со олово.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И слепо и чкулаво подава рака по змиско јаболко, се лутел Симон Наконтик како осамен светец на семожни гревови позамрсени и од волчи црева, всушност повеќе исплашен отколку величествен набожник зашто го потресол крик на див петел од лесковата шума на селото, предупредување на смртта што брза кон такви каков што бил тој, за кого женското милување претскажувало почеток на пропаѓањето на светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најнеразбирливо беше друго. Земјата смекна, се згреа, потече во бранови и го однесе со себе и човекот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Две такви средства (хардвер) на кои луѓето се повикувале уште од времето кога станале човечки суштества мораат да се наведат: воздушните бранови и тврдите објекти - на пример карпите и коските.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Инквизиторскиот суд на кралството во рајот конвертирање на неправедните, злобните… светот со лик на големо море, бранови и острови интониран со екологија на духот, психичкиот распон Човечкото битие кон природните феномени емотивната клима на чувствата што лебдат во итаницата кон недостижното, копнеж кон совршенство во судир од пречки на патот пред блокаторите кон свемирна галаксија…
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Нејзината душа беше и силен браник, траен светилник на семејството крај океанот на балканските немирни бранови и темнини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)