Вистина е дека веќе одамна г.Милоевиќ составува некакви српски братства кои според неговите зборови должни се да го сеат србизмот не само во Македонија и Тракија туку и по бреговите на Средоземно Море, т.е. во Шпанија и во Африка. (г.Милоевиќ мисли дека Шпанците и Алжирците се Срби); вистина е дека неколку Милоевиќеви следбеници шират ретроградни идеи во Македонија и во Босна и Херцеговина; виситна е дека книгите на г.Милоевиќ и на архимандритот Пелагиќ бесплатно се делат, најпосле вистина е и тоа дека во белградското богословско училиште има и такви професори кои зборуваат дека бугарскиот народ е припрост и добродушен, но прашање е што произлегува од сето тоа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Дел од нив со свежи рани во душите во тајни собири во Цариград палеле свеќи, изговарале христијански молитви, а понекогаш други ќе се најделе кај дервиши, припадници на еретски братства кои ги опседнувале со каузистички толкувања на божјото видение...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)