Стојан и Јован секогаш беа готови. Готови беа и нивните другари, пет од земските сејмени и двајца братучеди на Анѓа – еден од вујко, а друг од тетка.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Соколе, - рече Гога, - машково ѝ е братучед на другарка ѝ. Тие двете идат кај него дома.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Овде? повтори нејзиниот прст, а само јас, се разбира и девојката од Ташкент, го забележавме потврдниот одговор на братучедот на татко ми.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
— Море, доброутро, домаќину, бре! — вика Манџик, братучед на Крлета и сака некако да го протера слепото магаре покрај Малови, ама овие знаат тој што сака и со една сопа го нападија над кале.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За Ламбо Малинов, братучед на Тодор, знаевме дека е во Женска гимназија. Бргу се зближивме со Лефтер и Тодор.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Наоѓаше другарче од средно, комшија од маалата или братучед на баџанакот кој е високо поставен во партијата која има победено на изборите. – Алек, ич не се изненадив кога ми рече дека тој ќе биде директор на секретаријатот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Прекинав. Во себе си реков: - Ете, пак некој братучед на Коте од Руља...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дури утредента, братучедот на татко ми, Илјо, објави дека му се вратила свршеницата, истата онаа Дафе која со години му пишуваше од Ташкент.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)