И самиот реши да му помогне, да „спаси една рисјанска душа“, што му беше возложено и со калуѓерската програма: „прави добро со што можеш“. Со првиот транспорт брашно за манастирот, Арсенија го испрати Сталета да растовари и да го смести брашното во амбарите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во семејството на еден скржав имам неговата домаќинка била принудена да меле пченка, кочан и кора од дрвје за да си ги нахрани децата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За да можат да се исхранат луѓето, голата сиромаштија дури мелеле дрвја за да ги јадат помешани со брашно во некаква чорба голата сиромаштија....
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Останав да стојам без движење и без сили да се соочам со тајната што можела да му биде позната на некој веќе покоен чиј живот можел да има значење токму заради она што било и што е во него; куп безвредни книжни пари со восочен лик на некој монарх, записи и стари писма, чеиз и неразделиплен невестински фустан, секира на злосторство, фајанс, сребро, часовник со мртво време во механизмот, некаков пергамент, ферман акт на судбина, библија под черупка за клетва на непознати заговорници, ограбени тасови и кандила од наш западен манстир, суво ерусалимско свето дрвце, зографски платна, книги, алати, ископано, камено торзо од Стоби, шандани, присокриено брашно во некоја гладна година, мошти на лажен светец, трговски тефтери, бројници, ретки ткаенини, поскурници и дрвени распетија, беговски појас под јатаган, билје, мелеми, збирка на инсекти, коски, гниеж и претчувства, една невидена и невидлива магија, но таа, во допир со живиот свет, ќе го изгуби значењето и ќе не осиромаши за една загатливост.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Брашното во паницата уште стоеше неначнато, но Бојан знаеше дека штом срната малку ќе се ослободи, штом ќе навикне на него и ќе насети во него пријател, штом ќе привикне на колибата, ќе побара и да јаде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ама лакомиот готвач ставил од брашното во манџата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Додека воденичарот го мешаше со вода пченкарното брашно во котлето, на ранетиот му се стори дека паѓа во некоја бездна јама.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Еден ден братучедот Јанко отишол да сомеле брашно во друго село каде што имало воденица, но како и секогаш, за враќање морало да се мине низ Долни Дисан, затоа гледале секогаш дење да го поминат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)