Се засука Митра пак. Ја зеде тавата и маст, ѝ даде на Доста брашно и една ваганка да размати тесто за питулици и напржија еден два саана.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дедот Петко стана, си киниса за да го најде поп Трајка, Илко се разврте, нацепи дрва, Митра извади брашно и почна да сее во ноќвите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ракија, од пагури, мажите пиеја и пред и по вечера.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Има два вида бакрданик, варен и вртен. Варениот се припрема на брза рака; откако ќе зоврие водата во котелот, во која пред тоа има турено сол и неколку дрвени лајци сало, полека се сипа царевно брашно и со сукало постојано се врти, затоа и се вика вртен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа е едноставна и душманска лута манџа. Измешани со црвена пипер се запржува брашно и кромид, потоа сето тоа се тура во вода која врие и во која има турено сол и масло и во која се додаваат суви пиперки, везени; кога сето тоа добро ќе проврие, вечерата е готова.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но затоа и ги хранеше со царевно брашно и граова вода.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Немаше зошто да се плашат од него, бидејќи немаше што да им земе, та еден се насмеа и му рече: — Ами, кога ме неќиш ти со тебе, шо ќе правиме, ќе му валкаме трупје на чорбаџи — Тошета, да го јадиме лебот и да а сркаме водата од граот. Море јас ве сакам внучковци, токо не ви се врзани гаќите вам — се нашегува Толе и продолжи: — Елате де да ве вида шо мажи сте?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За да се одбележи тој домашен настан, Султана ги засука ракавите, отсеа брашно и меси турта9).
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
За делнички и аргатски денови леб се месеше од мешано - пченично, ‘ржано и пченкарно брашно и пешниците се печеа во добро загорената фурна, поставена скраја од дворот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А за баба и дедо, бидејќи немаа заби - киселица, по мерка две шепи пченично и по една – ’ржано и пченично брашно и се печеше во черепна под сач.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дома за Циљка беа и полните амбари со пченица и брашно и ношвите и кр’нгот и тепсијата и черепната и сачот и сукалото...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не го познаваше човекот отаде жицата, а тој, позадинец, навикнат на крепко спиење далеку од фронтот, со врски до самоти врв и со клучот од лебот, месото, шеќерот, брашното и што ли не друго, дали сериозно ќе го разбере ако му се претстави само со името?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тој мислеше на своите шест мали деца и на жената, што ги остави само со едно кило пченкарно брашно и малку плашици...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Колибата ја сочинуваа две одделенија, надворешно, мошне пространо, со сосаци и амбари покрај ѕидот, во кои се сместуваа житото, компирите, кромидот, а по диреците на клинови висеа торби во кои можеше да се најде грав, просо, лук, брашно и други потреби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Потоа жените со нејасно лице оставиле околу плочата по залак леб од пченично брашно и ја напоиле со вино земјата во која ги забуцале танките свеќички или боринчињата натопени во смола.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но коските под плочата таинствено молчеле наслушувајќи ги шепотите на мајките и примајќи ја животната топлина од допирот на нивните чела.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бидејќи големиот пазар не ѝ беше далеку, таа, како при катадневен ритуал, одеше да купува со два големи зембили, зеленчук, овошје, ориз, грав, брашно и многу други производи, од кои најмалку употребуваше самата таа, а другото повторно им го раздаваше на своите сиромашни соседи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)