Ова беше негово второ враќање од Европа на Балканот, по првото, кога се враќаше од Париз со својата диплома на здобиен државен докторат на Сорбона и со ореолот на доброволен учесник во интернационалните бригади кои се бореа на страната на републиканските сили против фашистичкиот режим на Франко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
319 Повторно на 14 јули од мисијата Conserve испратила порака до Каиро во која се истакнувало дека за „развивање на активностите во Македонија, Апостолски има потреба од 6 милиони лева секој месец и 2 милиони секој месец за бригадите кои дејствуваат во областа.“ Се барало ако не можело да се обезбедат во злато да се обезбедат во левови.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)