Му се чинеше дека е така студена само кон него.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Немој да ми дишеш во вратот!“ го туркаше кога тој ќе ја прегрнеше наутро, разбуден рано од сирените на прекуокеанските бродови кои во Антверп допловуваа некаде од Америка.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Рекол дека е во прашање мала одмазда на месното население во врска со неодговорното однесување на една група Белогардејци од претходниот брод која, речиси без причина направила некои штети во пристаништето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Имало скоро триста такви дубровнички бродови кои пловеле по Медитеранот и океанот, пренесувајќи ја трговската стока од бреговите на Мала Азија и Африка до фландриските и британските брегови.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Долу, под наши очи течеа бледомодрикавите или жолтозеленикавите води на реката, а ние како да се наоѓавме на катарката на бродот кој пловеше во времето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во миговите на разведрувања можеше да се види целото пространство, панорамата на реката, трите града, пристаништето, доковите што се збиваат покрај водата... пругата... сите бродови кои заминуваат... кои пак поминуваат малку погоре... зад брдата после полињата... кон морето, после Шатам... Тоа беше единствено чувство...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)