бројка (имн.) - и (сврз.)

- Што учите? - праша мајка му. - Па... песнички... приказни... учиме да пишуваме бројки и сè што е потребно.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во неа беа нацртани квадратчиња, стрелки, бројки и многу други за Трајчета непознати знаци.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во овој научен свет на астрофизичари се среќаваат обични луѓе, срдечни, гостољубиви и готови да раскажуваат и да се одделат за некое време од здодевните бројки и анализи па новодојдениот љубопитен аматер, каков што бев јас, да го запознаат со тајните на космосот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Црковниот старешина пробил со глава терцијарен слој да им раскажува народни библиички, нека го, немало зошто да се подбиваат со него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред тоа пиеле од негова матарка вино со боја на месо и се мезеле со бајати пршки што ги зеле од некој орач за стар железничарски часовник со избришани бројки и без една стрелка но со живо срце под металниот оклоп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)