Она што некого го правело геј-маж не биле неговиот нестандарден родов стил и неговиот женствен субјективитет, туку насоченоста на неговата сексуална желба, неговата еротска привлеченост кон мажи, неговата општествена припадност на машки геј-свет на рамноправници, квантитетот и мажественоста на неговите сексуални партнери.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Денес, во контекст на квир- и на трансродовите движења, тој постоунволски модел на машката геј-мажественост, иако сѐ уште има многу обожаватели (како што видовме предмалку во претходното поглавје), почнува да изгледа „старински“.360 Стоунволскиот бунт веќе не изгледа како некаков светскоисториски пораз на хомофобичното родово стереотипизирање, како конечно ослободување на геј-мажите од вековното робување на омаловажувачките родови идентитети, туку повеќе личи на празниот и кратковечен триумф на заблудената фантазија за безродова хомосексуалност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете што значело геј-ослободувањето, барем делумно: ослободување на сексуалноста од родот, слобода да се биде мажествен и умножување на сексуалните можности кои ги создавале новите буч-стилови на хомосексуалноста – токму со тоа што им овозможувале на геј-мажите да еротизираат други геј-мажи како геј-мажи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поконкретно, постоунволската победа на геј-идентитетот над лезбачите и над кралиците од една претходна ера сега веќе не наликува толку на мугра на ослободувањето колку што наликува на само уште една стратегија за доминација – последното поглавје во долгата историја на трансродовото угнетување од кое, дури сега, добро е, почнуваме да излегуваме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)