На италијанските вдовици од Фајер Ајленд ќе можеше да се гледа како на пародија на таа конвенционална женска улога и на моќниот перформативен идентитет на италијанското вдовство – како на чисто пародирање на високоморалната драма на семејните вредности, родовата подреденост и сентименталната сериозност на стрејт-општеството – да не беше тука фактот дека сите италијански вдовици во Пајнс беа мажи кои поради сидата самите загубиле љубовници, пријатели или припадници на својата локална заедница.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не случајно најделотворниот јавен израз на геј-оплакувањето на поколенијата што ѝ подлегнале на сидата, килтот од проектот ИМИЊА, имаше облик на едноставен, скромен артефакт и на женствена (односно, обезвреднета) културна ракотворба карактеристична за селанската работничка класа: американски соодветник на селанскиот сталеж на кој му припаѓаат италијанските вдовици во црнина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Татко му, прв лекар на местото, можеби се надоврзувал на мајка си, првата вдовица во местото, која на младите им проштеваше да имаат црвци во газот, веруваше во небото и во бога, но не веруваше во црквата и во поповите, па се крстеше и пред да запали свеќа и пред да пивне ракија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се навикнувам на туѓа смрт-учителите и соседите од нашето детство за чие заминување сознавам од последните страници на весникот, сцените на умирање во филмовите, извештаите за вистинските умирања од воените боишта, жените вдовици во црно по улиците.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Потоа, во еден петок, скоро во ист миг умрел тешко ранетиот Метуш Батковец и се родил неговиот прв и последен син да ја продолжи лозата со името на таткото, а по закопот, го подгониле на суд Цене Папчев со незараснатата рана на слабината, додека Чучук-Андреј неколку дни пред тоа пошол накуцувајќи и со пушка и кубура по трагите на Онисифоровата ајдутска дружина, да ѝ се придружи негде, да се одмаздува и да ѝ се колне на својата судбина дека не ќе се смири додека не зацрни толку анами колку што имало вдовици во Кукулино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Жените ја пожалиле и ѝ се вратиле на својата болка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)