ведро (имн.) - небо (имн.)

Таа, мојата миленичка, жубореше, целата осветлена од илјадници ѕвезди посеани по ведрото небо.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И отиде во височини, стана дел на ведрото небо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Всушност авторот штутеше дали на ведрото небо на неговото задоволство нема да се појави некое облаче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа е магија на првиот августовски ден, на ведрото небо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го крена погледот, ја виде полната месечина на ведрото небо и потоа замижа, ги стегна клепките една кон друга и со двете раце подржувајќи ја Германија одоздола, ја пикна главата во мекотијата на нејзиниот врат над нејзиното десно рамено... ...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бел облак над нив ветуваше дожд.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)