2. кога се враќав од јапонија како да го видов змејот над сите змејови како лази по улиците околу станицата синџуку а што е за право ја видов и желката над сите желки како летнала та прелетнала на запаленото небо ај за змејови сме се изнаслушале и дома од приказните на дедо марко цепенков ама желки да летаат тоа беше малкуцка чудно и прв доказ дека јапонските желки не се бабускери ами створови кои со векови знаат да си ги негуваат светоста и мистичноста суштества кои под оклопите ладат векови па потем си се однесуваат како желки во студена вода желки севезден на работ на смрзнувачката желки бијатлонки и желки стиплчезерки желки без исклучок далдисани дека се ептен зенонки понекогаш филозофски превртени на грб
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Целиот свој век знаевме за дрскост, смелост, прчење, смртоносна парада, и никогаш не можевме да потклекнеме. Никогаш.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)